Вести Свет

Опозицијата победи на локалните избори на Косово

Главниот град на Косово, Приштина, во наредните четири години ќе биде воден од градоначалник од редовите на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, архитектот Прпарим Рама, кој во вчерашното прегласување за локалните избори  го победи ривалот од владејачкото Движење самоопределување, доскорешниот министер за здравство, Арбен Витиа.

Победата, со 51,07 наспроти 48,93 отсто од освоените гласови, по затворањето на гласачките места ја прогласи самиот Рама, а противкандидатот Витиа, го призна поразот. По вчерашниот втор круг градоначалнички избори во Косово, според медиумите и аналитичарите во земјата, се потврди драстичниот пад на рејтингот на владејачката Самоопределување, која на парламентарните избори годинава извојува убедлива победа. Партијата на премиерот Албин Курти на овие локални избори освои само четири градоначалнички места, иако во предизборието претендираше на апсолутна победа во речиси сите општини со мнозинско албанско население.

Според конечните резултати, најголем успех постигна партијата на косовските Срби, Српска листа. Оваа партија, која ја има отворената поддршка од официјален Белград и за која кај косовските Срби, меѓу другите, повикува да се гласа и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги доби сите десет општини со мнозинско српско население, од кои девет во првиот круг, одржан на 17 октомври, и еден во вчерашното прегласување.

Што се однесува до партиите на косовските Албанци, најдобар резултат забележа најголемата опозициска партија, Демократската партија на Косово (ПДК), со девет освоени општини. Следат ЛДК со седум, Алијансата за иднината на Косово (ААК) со пет и ВВ со четворица градоначалници. По една општина освоија вонпарламентарната Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и еден независен кандидат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Дејан Дејан

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе