Свет Топ вести

ГЕРБ на Борисов и “Продолжуваме со промените” во мртва трка за победник на бугарските избори

Третите парламентарни избори во Бугарија, кои требаше конечно да овозможат формирање стабилна политичка влада, според првичните излезни анкети, тешко ќе ја остварат оваа цел.

ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, можеби и ќе има најмногу гласови и секако пратенички мандати, но и тоа е неизвесно. Иако анкетите предвидуваа предност од најмалку 8 проценти во однос на партијата “Продолжуваме со промената”, излезните анкети посочуваат дека оваа  партија, формирана пред само два месеци и предводена од двајца министри во техничката влада, Кирил Петков и Асен Василев ги надмина сите очекувања и е речиси изедначена со ГЕРБ.

Според бугарските медиуми, победникот веројатно ќе го одлучат гласовите на бугарите од дијаспората.

Сите претходни анализи сугерираа дека ГЕРБ на Борисов има најслаб коалициски потенцијал, и доколку “Продолжуваме со промените” го добие мандатот, идната влада ќе мора да биде коалициска и нема да може да се формира без најмалку 4 партии. Таквите преговори би биле тешки заради разликите кои постојат меѓу потенцијалните коалициски партнери.

Едно од прашањата за кои се разликуваат се и односите со Македонија, пишуваат бугарските медиуми. Додека “Продолжуваме со промените” и “Демократка Бугарија” се можеби и подготвени за компромис, социјалистите и популистичката “Има таков народ”, досега цврсто стоеаја зад рамковната позиција на земјата.

Она што е сигурно е дека на бугарските граѓани им е преку глава од политичките игри, што го потврдува ниската излезност и фактот дека над 60% од луѓето со право на глас, останаа во своите домови и не излегоа на гласачките места.

Ако потфрлија во однос на резултатот на парламентарните избори, анкетите беа прецизни во поглед на исходот од претседателските избори.

Актуелниот шеф на државата, Румен Радев има убедлива предност со освоени 47 до 49 проценти од гласовите, пред Анастас Герџиков за кого гласале меѓу 23 и 25 отсто од граѓаните. Конечната победа Радев ќе мора да ја бара во вториот круг од гласањето.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Дејан Дејан

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе