Вести Најважни Свет

Радев со остри пораки до Македонија на денот на парламентарните и претседaтелски избори во Бугарија

Корупцијата, Ковид пандемијата, енергетската криза и  политичкиот ќорсокак можеби се клучните теми на бугарските парламентарни и претседателски избори, но актуелниот шеф на државата и фаворит за победа, Румен Радев и денеска испрати остра порака до македонската држава и граѓаните кои се надеваат на брз почеток на преговорите со Европската Унија.

-Клучот за почетокот на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија е во почитувањетот на правата на македонските Бугари. Во искоренувањето на јазикот на омразата, во прекинувањето на систематското дебугаризација. Во прекинувањето на обидите за систематско уништување и фалсификување на илјадагодишното бугарско културно и историско наследство. Почетокот на преговорите нема да зависи од новата влада и составот на новиот Парламент, а највеќе од самата Република Северна Македонија, која треба ги преземе соодветните постапки, изјави претседателот на Република Бугарија Румен Радев.

Изјавата на Радев секако може да се гледа и во контекст на внатрешната бугарска политика, откако неговиот главен политички ривал, поранешниот премиер Бојко Борисов, пред неколку дена најави дека Европската Унија ќе ја понижи Бугарија и Македонија ќе добие зелено светло за почеток на преговорите.

Борисов се повика на изјавата на францускиот претседател Макрон дека до декември нашата земја ќе ги почне преговорите а вината за тоа ја лоцираше секако кај Радев. Тој денеска порача дека македонските шанси се единствено во искрено преговори со официјална Софија а не преку притисок на европските престолнини.

На третите парламентарни избори во последните 6 месеци, по гласањата во Април и Јули, 6,7 милиони Бугари имаат право на глас за новиот состав на законодавниот дом, каде треба да се формира и влада со основна задача да ја извлече најсиромашнаат членка на Европската Унија од здравствената и економска криза.

Очекувањата се дека излезноста ќе биде слаба, пред се заради лошата состојба со пандемијата Ковид-19, слабата вакцинација и политичката апатија по последни два неуспешни парламентарни избори.

Бугарија е најслабо вакцинираната држава во ЕУ, со помалку од 1/3-тина од возрасните целосно имунизирани против корона вирусот.

Гласав за промена на промената, изјави откако гласаше поранешниот премиер Борисов, чија партија ГЕРБ се предвидува да освои најголем број гласови на изборите, пред коалицијата “Продолжуваме со промените”, на министрите за економија и финансии во техничката влада, Кирил Петков и Асен Василев и бугарските социјалисти.

Испитувањата на јавното мислење предвидуваат дека 7 политички партии би можеле да го поминат прагот од 4% освоени гласови и да си обезбедат место во законодавниот дом.

Иако Борисов и ГЕРБ можеби ќе освојат најмногу гласови на изборите, негов проблем ќе биде во фактот дека нема голем коалиционен потенцијал.

Никола Илиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе