Вести Македонија Најважни

Петровска обвинува за нелегално финансирање на партијата во кои биле вмешани лица блиски до Мицкоски

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска на денешната прес-конференција обвини дека лица блиски до Мицкоски биле вмешани во нелегално финансирање на партијата, меѓу кои членови на обезбедувањето на лидерот на партијата како и функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста е запознаена дека Управата за финансиска полиција има отворено предистрага за нелегално финансирање на политичка партија. Станува збор за голем скандал. Според јавно објавените информации преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена обезбедени се милионски средства, на нелегален, криминален начин. Постои основано сомневање дека на крајот овие црни пари завршиле во белиот дворец. Едно од лицата кај кои е вршен претрес во предистражната постапка е и таткото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. Ширење лажни вести и невистини за наводни притисоци кон пратеникот беше всушност одбрана на криминал“ – рече Петровска на денешната прес-конференција.

Таа праша дали во овој скандал на нелегално финансирање биле вмешани и лица блиски до Христијан Мицкоски.

„Дали меѓу тие лица се и членови на обезбедувањето на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ?
Очекуваме одговори и од Мицкоски: каква е неговата поврзаност со овој скандал? Во меѓувреме, истрагата на Управата за финансиска полиција и другите надлежни инситуции треба да ги даде сите одговори. За секој за кого ќе утврди одговорност за овој случај, мора да следува соодветна одговорност согласно законите“ – изјави Петровска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе