Самитот за климатските промени во организација на Обединетите Нации заврши предмалку во Глазгов со усвојување на нов глобален договор за климатските промени.
Сите 197 земји членки на светската организација го потпишаа договорот и покрај големите резерви и разочарување кое го изразија голем дел од нив.
Разочарувањето е поврзано со промената внесена во текстот на договорот во последен миг, на инсистирање на Индија и Кина, кои инсистираа фразата “постепено елиминирање” на јагленот како енергенс да биде заменета со фразата “постепено намалување”.
Оваа промена беше особено осудена од земјите од Европската Унија, чиј главен преговарач Франс Тимерманс, изјави дека тие сакале да видат решителност за целосно елиминирање на јагленот како извор на енергија.
