Ковид19 Свет

Расте бројот на новозаразени во Германија, властите бараат откажување на големите настани

Германскиот институт „Роберт Кох“ ги повика граѓаните да откажат или избегнуваат организирање големи настани и да ги намалат контактите бидејќи стапката на зараза со коронавирусот во земјата нагло се зголемува.

Во денешното соопштение, Институтот повика на „итно одложување на големите настани доколку е можно и намалување на сите други непотребни контакти“.

Доколку таквите настани не можат да се избегнат, се препорачува тестирање иако луѓето се вакцинирани.

Евидентирани се 48.640 новозаболени, а починале 191 лице.

Канцеларката во заминување Ангела Меркел следната недела ќе се сретне со лидерите на германските сојузни покраини за да разговараат за мерките ширум земјата.

Во многу региони, за во затворени простори се бара доказ за вакцинација, за прележаност или негативен тест, но овие мерки често не се применуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) „Спајдермен“ му помогна на немоќно лице да премине улица

Sasko Dimovski

Трамп: Иран е значително ослабен, но и натаму е сериозен противник

Sasko Dimovski

Голем шумски пожар во Франција – eвакуирани над 20.000 луѓе

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе