Свет

Тензиите на границата меѓу Белорусија и Полска, го продлабочуваат и конфликот на Западот со Русија

Тензиите на границата меѓу Белорусија и Полска, каде се уште се присустни повеќе илјади мигранти, кои очајнички се обидуваат да влезат на територијата на Европската унија, не стивнуваат. Хуманитарната ситуацијата на мигрантите станува се полоша, дополнително влошена заради ниските температури. Западот ја обвинува Белорусија дека се обидува да ја дестабилизира ЕУ, додека Русија возврати дека Полската влада грубо ги прекршува човековите права на мигрантите. Ваквите поделби се пренесоа и на синоќешната седница на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, каде линијата на поделба беше јасна. Предлогот на Франција, Обединетото Кралство и САД, за осуда на Белорусија дека ги загрозува животите на мигрантите заради политички цели, беше блокиран од официјална Москва, додека Русија испрати два стратешки нуклеарни бомбардери на тренинг мисија во Белорусија, втор ден по ред.

Во импровизираните кампови на границата, агонијата на ситуацијата на мигрантите е се поочигледна, тие почнаа и меѓусебно да се туркаат во обид да дојдат до ограничената хуманитарна помош во храна, вода и хигиенски материјали. Апел за брзо решавање на ситуацијата на границата испрати и претставникот на УНХЦР во Белорусија.

Ситуацијата е многу катастрофална а за еден ден ќе биде и повеќе катастрофална. Затоа, мора нешто да се направи. Почнавме да даваме хуманитарна помош со Црвениот Крст. Ќе продолжиме со тоа во наредните неколку дена, вели Мусулев Мамо, претставникот на УНХЦР во Белорусија.

Претходно, белорускиот авторитарен режим на Александер Лукашенко се закани на остра реакција доколку неговата држава биде цел на нова, 5-та серија санкција на ЕУ. Ние ја загреваме Европа, а тие ни се закануваат, изјави Лукашенко, мислејќи на рускиот гасовод кој на патот до Европските корисници, минува низ Белорусија.

Ние ја загреваме Европа а тие ни се закануваат дека ќе ја затворат границата по сето тоа. А што ќе прават ако ја прекинеме доставата на природниот гас, праша Лукашенко.

Експертите проценуваат дека заканите на Лукашенко се тешко остварливи, бидејќи неговата држава добива значајни средства како маржа за транзитот на рускиот гас кон ЕУ а секоја одлука за запирање на гасот мора да биде одобрена и од официјална Москва, чиј интерес секако не е да отвора спор со властите во Брисел. Сепак , бидејќи станува збор за човекот чии постапки го оправдуваат прекарот “последниот диктатор во Европа”, неговите закани сепак не можат ниту целосно да бидат отфрлени.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран – Трамп најави блокада на иранскиот сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе