Вести Ковид19 Свет

Германија урива рекорди по бројот на новозаразени лица од ковид – повеќе од 50.000 за еден ден

Германија има рекорден број нови инфекции со коронавирус, 50.196 нови случаи за 24 часа, што е знак за силата на овој бран на епидемија што ја погоди земјата, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

Ова е првпат од почетокот на пандемијата да биде надминат прагот од 50.000 нови случаи за еден ден. Бројот на починати за 24 часа изнесува 235.

Канцеларката во заминување Ангела Меркел во средата го опиша новото зајакнување на епидемијата во земјата како „драматично“, што е особено забележливо од октомври.

„Пандемијата повторно се шири на спектакуларен начин“, рече нејзиниот портпарол, повикувајќи ги регионалните власти, кои се задолжени за здравствените прашања, повторно да воведат мерки за да ја стават ситуацијата под контрола.

Како што пренесуваат германските медиуми, зголемувањето на бројот на заболени се припишува првенствено на релативно нискиот опфат со вакцинација кај германското население, кој изнесува околу 67 проценти.

Од понеделник, Берлин ќе им забрани на невакцинираните лица да пристапуваат во ресторани без тераси, барови, спортски сали и фризерски салони.

На овие јавни места не може да се влезе со приложување негативен тест, доколку лицето не е вакцинирано или не може да докаже дека прележало.

Вкупно 4,9 милиони луѓе се заразени во Германија од почетокот на пандемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холанѓанец баран со меѓународна потерница за криумчарење мигранти и сексуална експлоатација е уапсен на Бит Пазар

Дејан Дејан

САД тврдат дека собориле два ирански дрона кои го загрозувале сообраќајот во Ормускиот теснец

Дејан Дејан

Пукотници на уличен фестивал во Охајо – 20 повредени лица, од кои двајца се во критична состојба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе