Вести Македонија

Актерот Зоран Љутков ќе претседава со Советот на општина Велес

Актерот Зоран Љутков од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ  вчера е избран за претседател на Советот на Општина Велес.

На седницата на Советот на Општина Велес, Љутков доби 14 гласови, откако освен 10 советници на ВМРО – ДПМНЕ, за него гласаа и тројцата советници на Левица и советникот на ДУИ.

Противкандидат на Љутков за првата советничка функција беше Ќирил Гајдов од советничката група на СДСМ, кој доби осум гласа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе