Вести Свет

Светските лидери го напуштија Глазгов со договорени некои важни договори

Светските лидери го напуштаат Глазгов откако постигнаа неколку важни договори, за намалување на емисиите на метан и запирање на уништувањето на шумите, но на маса сѐ уште остануваат најтешките прашања. Самитот денеска го продолжуваат министрите за финансии, кои ќе треба да соопштат како ќе бидат финансирани овие амбициозни договори. Во меѓувреме земјите во развој се гневни што богатите земји, тие кои најмногу загадуваат, не го исполнија ветувањето за обезбедување 100 милијарди долари годишно за зелена транзиција во посиромашните земји. Денеска, на самиот старт добија ново ветување.

Во следните пет години ќе обезбедиме вкупно 500 милијарди долари во инвестиции за државите на кои им се најмногу потребни. А денеска можеме да направиме и повеќе. Можам да објавам дека Обединетото Кралство ќе обезбеди 100 милиони фунти за Работната група за пристап до климатските финансии, со што ќе го направиме полесен и побрз пристапот до финансиите за земјите во развој, изјави Руши Сунак – Министер за финансии на Обединетото Кралство

Претходното ветување требаше да биде исполнето лани, но тоа не се случи. Сега богатите земји најавуваат дека во обезбедувањето финансиска помош ќе се вклучи и приватниот сектор.

Верувам дека сме на почетокот на нова ера каде богатите земји ќе стават повеќе пари на маса за да ги подржат земјите во развој, каде банките за развој и билатералните финасиери ќе направат повеќе, наместо изградба на една нова економија, паралелно со старата, да ја финансираат замената на јагленот, иднина каде приватниот сектор ќе донесе сосема нов смисол за големина, рече Алок Шарма – Претседател на КОП26

Специјалниот американски пратеник за климатски промени и поранеше Државен секретар Џон Кери оцени дека со вчера постигнатите договори околу 65 проценти од глобалниот БДП ќе биде покриен со изводливи за имплементирање климатски планови. Но, сепак вели дека тоа не е доволно. За да биде постигната целта треба да учествуваме сите, порача Кери.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе