Американскиот републикански кандидат Глен Јангкин е избран за нов гувернер на Вирџинија, покажуваат неофицијалните резултати.
Според Одделот за избори во Вирџинија, Јангкин добил 50,98 отсто од гласовите додека кандидатот на демократите, поранешниот гувернер Тери Мекалиф, добил 48,25 отсто.
Во трката беше и независната кандидатка Блендинг, која доби само 0,7% од гласовите.
Официјалните резултати ќе бидат потврдени на 15 ноември, а новиот гувернер ќе положи заклетва на 1 јануари 2022 година.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
