Вести Свет

Спас за шумите – прво ветување на самитот во Глазгов

Повеќе од 100 светски лидери ќе ветат дека ќе стават крај на уништувањето на шумите до 2030 година, во првиот голем договор на самитот во Глазгов. Заедничката изјава ќе биде потпишана на климатските разговори од страна на лидерите на земјите кои заедно сочинуваат 85 отсто од светските шуми.

Меѓу тие земји се Бразил, Индонезија и Демократска Република Конго, кои имаат некои од најголемите и најзагрозени шуми во светот. Заложбата ќе биде поддржана со ветување за обезбедување на 12 милијарди долари јавни финансии од 12 земји до 2025 година.

Премиерката на Барбадос им рече на светските лидери дека неуспехот да се дејствува итно за климатските промени ќе биде „смртна казна“ за луѓето во островските земји како нејзината.

„За оние кои имаат очи да гледаат, за оние кои имаат уши да слушаат и за оние кои имаат срце да чувствуваат. 1,5 Целзиусови е она што ни треба за да преживееме. Два степени се смртна казна за луѓето од Антигва и Барбуда, за народот на Малдивите, за народот на Доминика и Фиџи, за народот на Кенија и Мозамбик – и да, за народот на Самоа и Барбадос. Ние не ја сакаме таа страшна смртна казна. И дојдовме овде денес да кажеме „Обидете се повеќе, обидете се повеќе“ затоа што на нашиот народ, климатската армија, светот, планетата и требаат нашите акции сега, не следната година, не во следната деценија“, изјави Миа Мотлеј – премиер на Барбадос.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера го отвори глобалниот самит за климата во Глазгов и предупреди на климатските промени, метафорично велејќи дека светот во моментов е „поврзан за уред на судниот ден“.

И колку подолго не успеваме да дејствуваме, толку станува полошо и повисока цена кога на крајот сме принудени од катастрофа да дејствуваме бидејќи човештвото одамна го намали часовникот за климатските промени. На тој часовник на судниот ден е една минута до полноќ и треба да дејствуваме сега. Ако не станеме сериозни за климатските промени денес, тоа ќе биде предоцна за нашите деца да го сторат тоа утре.“ – рече Борис Џонсон – премиер на Велика Британија.

Притисок врз светските лидери им прават климатските активисти. Над 10.000 од нив  пристигнаа во Глазгов со возови и бродови за да го промовираат овој начин на транспорт кој не ја загадува околината.

Со маскоти на светските лидери Бајден, Џонсон, Макрон, Индиецот Нарендра Моди и Ибрахим Солих и со „Климатска правда, сега!“ протестираат на улиците во Глазгов. Се закануваат дека ако за две недели лидерите не излезат со конкретно решение ќе предизвикаат нереди.

Пред седум години повеќе од 200 влади потпишаа слично ветување кое требаше да се исполни до 2020 година, но според извештајот на Обединетите нации голем дел од нив не ја преточиле ветената амбиција во внатрешна политика.

Мартин Николовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе