Македонија

Училиште и градинка а не станбени згради ќе се градат кај пеплосаните бараки, тврди градоначалникот Богдановиќ

Дел од бараките на поранешнито Суд за прекршоци ги нема, собирачи на старо железо ги полнат колите и возилата надевајќи се дека барем тие ќе заработат неѓшто од вчерашниот пожар. Во јавноста дилеми, на социјалните мрежи обвинувања и тврдења дека пожарот е подменат за да се расчисти просторот и да се почне со изградба на станбени згради.

Она што е јасно и што може да се види од официјалните документи на катастарот земјишѓтето на кое беа поставени бараките на Судот за прекршоци е соптвеност на државата а со него располага Општина Центар. Судот веќе неколку години е префрлен, а бараките, времените објекти беа оставени на забот на времето да скапуваат.

На местото на поранешниот суд за прекршоци нема да никнат приватни станбени згради, како што тврди опозицијата и се шпекулира по социјалните мрежи, уверува градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. За тука е предвидена изградба на основно училиште и градника, дециден е градоначалникот.

Деталниот урбанистички план со зацртаните уличиште и градинка бил испратен во Град Скопје и вратен на, како што тврди Богдановиќ, ситни корекции и тој се надева дека ќе биде изгласат од новиот Општински совет со што нема да има повеќе пречки  за старт на изградбата.

За информациите на опозицијата дека во ДУПовие се вцртани станбени згради Богдабновиќ тврди дека се лага која се пласира поради локалните избори.

Од МВР засега нема официјална информација од што настана пожарот кој за помалкју од еден час ги пеплоса напуштените судски бараки. Жителите од околните куќи тврдат дека најверојатно е настанат токму од собирачите на старо железо бидејќи ги гледале какоп палат кабли во бараките за да го совберат бакарот кој потоа го продавале на отпад.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Советот на родители во ОУ „Димо Хаџи Димов“ вечерва ќе има вонредна средба на родители-ќе одлучуваат за насилниот ученик

Дејан Дејан

За ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не е опција ни за формирање на влада

Дејан Дејан

Претседателските избори ја кројат идната Влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе