Вести Македонија Најважни

Пожарот во скопскиот парк изгаснат и покрај нефункционалните хидранти, бил зафатен и хотелот Томче Софка

Пожарот кој ја зафати напуштената барака на поранешниот суд за прекршоци во скопскиот парк е изгаснат, јавува новинарот на Телма Петар Догов.

Според првичните информации, огнот зафатил и дел од хотелот Томче Софка. Има материјална штета,а нема повредени ниту меѓу пожарникарите ниту меѓу луѓето кои се нашле во близина во скопскиот градски парк поради сончевиот и ведар ден.

Бараката е во сопственост на Основен кривичен суд –Скопје, а внатре имало и документација оставена по селењето на одделот за прекршоци во судската зграда на стариот кривичен суд во комплексот судови.

Од противпожарната бригада на Скопје рекоа дека имале проблеми со уличните хидранти поради што морало да се носи вода со цистерни на ЈП Комунална хигиена. Околните надземни хидранти до блиските објекти не функционирале, а најблискиот исправен хидрант бил до Министерството за земјоделие.

Градоначалникот и кандидат на овие избори Петре Шилегов на новинарско прашање дали на местото сега ќе никнат згради, одговори дека планот е на таа локација да се прошири паркот со зелени површини.

Трае увид на местото на пожарот за да се утврдат причините.

Како изгледаше пожарот од страна на Националната арена Тоше Проевски погледнете во видеото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе