Вести Македонија Најважни

Може ли ЕСМ да спречи рестрикции и зголемување на цената на струјата?

Јавноста очекува одговори од директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како ќе се ибегнат зрестрикциите и зголемувањето на ценатата на струјата која ќе ја плаќаат домаќчинставата откако експертите но и првиот човек на МЕПСО предупредија дека државата е на раб на електроенергетски колапс.

Набавката на 900 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола допрва се распишува. Со оа количество на јаглен се планира да се отвори и Блок 2 во комбинатот. Договорот за набавка на 300 илјади тони јаглен за РЕК Осломеј е во финална фаза, а комбинатот би стартувал кон средината на идниот месец.

Во хидроакумулациите има само околу 10 отсто од капацитетот на вода со кои не може да се покрие ниту еден ден потрошувачка на струја во државата. Во моментов работи само Блок1 во РЕК Битола и тоа со половина капацитет поради неквалитетниот јаглен.

Според официјалните податоци, во моментов се троши двојно повеќе струја од колку што се произведува а оваа разлика ќе се зголеми бидејќи допрва ќе почнат да паѓаат температурите и да се троши електрична енергија за затоплување.

Само за илустрација вчера само за еден час беа потрошени 385 мегавати повеќе отколку што беа произведени или увезени.

За да се одржи енергетскиот систем МЕПСО превзема, без најава, електрична енергија од европската електрична мрежа и поради тоа веќе се пристигнати 4 опомени од централата во Женева, Швајцарија. Само во саботата првземени се речиси 6 илјади мегавати за кои МПЕСО е должен 1,2 милиони евра а таа сума вчера е повисока.

На крајот на месецот МЕПСО ќе треба да плати над 15 милиони евра кон производителите на струја во странство со што се доведува во прашање ликвидноста на државната компанија.

Од МЕПСО бараат од Владата финансиска помош од 30 милиони евра со кои би се покриле загубите, однонсо би се платила превземената струја од европската електрична мрежа но и да се пуштат во погон термоелектраните на ЕСМ или пак ЕСМ да ја увезе потребната количина на струја, истото да важи и за приватните снабдувачи со селектрична енергија и вцеднаш да се набави мазут кој би се користел за потребите на ТЕЦ Неготино.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе