Вести Македонија Топ вести

Почнува скринингот на средношколците во Скопје

За половина час е најавен почетокот на скринингот на учениците за Ковид-19 во девет средни училишта во Скопје. Ќе се тестираат 258 средношколци.

Освен во Скопје, скринигот ќе продолжи во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Тестирањето на учениците, ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а истото ќе трае помалку од една минута. Безболно е и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на Ковид-19 меѓу учениците. Со податоците ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата. Министерството за здравство апелира на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност. Скринигот ќе обезбеди безбедно одвивање на наставата и заштита на здравјето на децата.

Во текот на изминатата недела родителите добиваа прашалници за согласност од страна на училиштата. Некои од родителите, без проблем се согласиле нивните деца да бидат тестирани. Од друга страна, пак има и родители кои не дозволуваат нивните деца да им се зема брис. Сметаат дека тоа нема да придонесе за искоренување на корона вирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе