Вести Македонија Топ вести

Кого ќе поддржи СДСМ во Тетово во вториот изборен круг, Теута Арифи или Биљал Касами?!

Ако СДСМ не го почитува договорот да не се меша во битката за Тетово меѓу владините партнери, ќе се наруши рамнотежата во централната власт, порачуваат од БЕСА. Но, не очекуваат Социјалдемократите да заземат страна меѓу Билал Касами и Теута Арифи, кои влегоа во вториот круг, меѓу другото и затоа што, со победата на Касами ќе добијат пратеник повеќе. Следниот на листата е од СДСМ.

Хоџа вели дека БЕСА после првиот круг се во комотна позиција, а се подготвени за предвремени избори, доколку дојде до тоа.  Денеска почнуваат преговори за поддршка и со Алијанса, но не ги откриваат позициите. Таравари вели дека се` уште немаат донесено одлука. Првин треба да дискутира партиското претседателство, да разговараат со коалиционите партнери, па дури потоа ќе одлучат. Дополнителен проблем кај нив е што коалиционите партнери од Алтернатива одбиваат да дадат поддршка за БЕСА. На изборниот ден и премиерот беше резервиран за ова прашање.

Познавачите на состојбите сметаат дека, ДУИ не може да ја условува поддршката за Арифи со поддршка за Шилегов во вториот круг, затоа што во неколку скопски општини како Сарај, Бутел и Гази Баба, каде што мнозинството се Албанци, изборите завршија во првиот круг. Таму гласачите избраа свои градоначалници и ќе биде навистина тешко повторно да се натераат да излезат на гласање. За Тетово е се` можно, но резултатите од првиот круг на некој начин ја диктираат ситуацијата.

Дулови не очекува ново парламентарно мнозинство.

Разликата во првиот круг во Тетово е 642 гласа во корист на Арифи, која освои 11 138 гласа, пред Касами, кој освои 10 496 гласа. Над 6 илјади гласа освои кандидатот на Алијанса и Алтернатива, а приближно толку имаат и СДСМ и ДПА заедно. Околу 2 200 гласа се на контото на други опозициски партии.

Далиборка Цветановска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе