Вести Македонија Најважни

Вархеи: Македонија ја покажа својата решителност и направи стабилен прогрес

Брзо носење на нови закони, наместо фокусирање на имплементација на веќе постоечката законска рамка, е една од забелешките за земјава во новиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава кон ЕУ, објавен попладнево.  Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи денеска презентирајќи го пакетот за проширување на ЕУ во Европскиот парламент во делот за земјава беше многу краток, велејќи дека таа направила прогрес во имплемнтација на европските реформи.

„Северна Македонија ја покажа својата решителност и направи стабилен прогрес во имплемeнтација на европските реформи вклучително во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Земјата треба да го задржи момнетумот. Борбата против корупцијата мора да продолжи, заедно со дополнителни напори во делот на реформите на јавната администрација“, рече Вархеи.

Во Извештајот за земјава се нотира и потребата од стриктна имплементација на Договорите со Грција и со Бугарија, при што се бара спорот меѓу Македонија и Бугарија што е можно побрзо да се реши. Вархеи пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посочи дека Комисијата работи на деблокирање на пристапниот процес на земјава и да се направи придвижување по ова прашање.

„Досега не бевме успешни, но се надевам дека ќе бидеме успешни. До крајот на годината ние мора да испорачаме. Не треба да постои делама за тоа кај никој. И на нас е да испорачаме. На нас мислам на ЕУ, на сите земји-членки и секако, нас, значи и Северна Македонија, која е партнер во ова“, рече вархеи.

Вархеи побара поголема посветеност од сите страни да се постигне тоа. Според него одлагањето на официјалниот старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија негативно влијае на кредибилитетот на ЕУ, потсетувајќи дека политиката на проширување е процес заснован на заслуги и оти и Македонија и Албанија испорачаа и оти е време Унијата да испорача.

Инаку во Извештајот за напредокот на земјава се наведува дека земјава продолжува да прави напори за јакнење на демократијата, владеењето на правото, вклучително и со активирање на постоечките контролни механизми и преку клучните политики и законски решенија. Сепак се бара реформите да продолжат.

„Власта треба да продолжи со реформскиот момент и да се фокусира на спроведување на постоечката законска рамка наместо да започнува спорадични нови иницијативи“, се наведува во извештајот.

Во делот за работата на Собранието се констатира дека тоа ја извршува својата улога иако повремено тоа било нарушено пради политичката поларизација при што се препорачува јакнење на улогата на Собранието како форум за контруктивен политички дијалог, особено за европската реформска агенда.

Судството е „умерена подготвено“ да одговори на европските стандарди и при што се забележува одреден напредок во имплементација на судските реформи, но се бара и понатамошно усогласување со препораките од Венецијанската комисија.

Во делот на функционирањето на судството се препорачува да продолжи доследна имплементација на стратегијата за судски реформи и на обновениот аксиски план, со фокус на носење на нов закон за граѓанска процедура, согласно европските стандарди.

„Умерена подготвеност“ земјава покажала и во борбата против корупцијата и организираниот криминал, при што напредок е констатиран во досието на земјата во делот на истрага, гонење и судење на неколку случаи на корупција, вклучително и на високо ниво.

„Но треба да се направи повеќе за да се подобри ефикасноста на спроведувањето на законот за борба со одредени форми на криминал, како што се перење пари и финансиски криминал. Координацијата останува клучно за сите засегнати страни вклучени во борбата против организираниот криминал“, се наведува во извештајот.

Во делот на реформата на јавната администрациија, која со години добиваше забелешки во извештаите од Европската комисија, констатирано е „малку напредок“ во финализирањето на хоризонаталната функционална ревизија на државната администрација, со напомена дека е важно таа да биде усвоена од власта. започнување на пристапните преговори имаат негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе