Методите кои ги употребува Заводот за статистика даваат можност секој евентуален неопфат да биде покриен затоа што се користат и базите на податоци каде ги има нашите граѓани. Директорот Апостол Симовски вели дека при пописот, клучната работа по која се раководеле биле објектите за домување каде се сместени граѓаните.
Доколку се искористат искуствата од Шведска би можело во иднина да се спроведе попис целосно базиран на регистри. Во моментов ние немаме услови за таква операција. Недостасуваат добар адресиран регистар, идентитет помеѓу официјалната адреса во документите и она каде што навистина се живее, нема точни информации за вкупниот број граѓани кои живеат во земјата а моментално се наоѓаат надвор од неа. Експерти од шведската статистика ќе ги пренесуваат своите искуства за прогресивно собирање на статистичките податоци кое е од исклулчително значење за евроинтегративниот процес.
Официјалните податоци од пописот ќе се соопштат најдоцна до март.
Јулијана Пешевска
