Вести Најважни

Европската комисија денеска ќе го објави извештајот за реформскиот напредок на Северна Македонија

Европската комисија попладнево ќе ги презентира извештаите за напредокот на реформскиот процес во шесте земји од Западен Балкан, Северна Македонија очекува потврда за поддршката за почеток на преговори.

Извештаите ќе ги презентира еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, пред европратениците од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе одржи и прес-конференција за медиумите.

Секоја година Европската комисија го мери и оценува реформскиот напредок на сите шест земји вклучени во политиката на проширување на ЕУ на Западниот Балкан – од судство, до економија, медиуми, човекови права, и сите други релевантни области за зачленување во Европската Унија.

За Северна Македонија е клучно и овој извештај уште еднаш да ја потврди подготвеноста на земјата за започнување на преговорите за членство со ЕУ, како што тоа повеќе пати е посочено во Европската Комисија и Европскиот Совет.

Северна Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ поради блокадата на Бугарија за билатерални прашања.

Дипломатите во Брисел очекуваат денешниот извештај да ја повтори пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека Северна Македонија треба да ја отвори првата Меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годината. Оваа порака Фон дер Лајен ја упати при нејзината посета на Скопје на крајот на септември.

За да се одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ, треба претходно да биде усвоена преговарачката рамка предложена од Европската комисија до 27-те земји членки и до Северна Македонија.

Бугарија не се согласува со содржината на оваа преговарачка рамка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе