Вести Македонија Топ вести

Ново парламентарно мнозинство или предвремени избори?

ВМРО-ДПМНЕ по вториот изборен круг ќе отпочне со преговори за ново парламентарно мнозинство. Ќе водат разговори со малите политички партии кои се дел од владејачката коалиција. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вели дека успехот од изборните резултати отвора врата за промена на власта, а ова е голем чекор до финална победа.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа му порача на Мицкоски да не се надева, затоа што парламентарното мнозинство ќе се окрупнува.

Окрупнување на опозицијата најавија и од Левица кои на овие локални избори добија резултат кој е за 15 пати подобар од минатите локални избори и четири пати подобар од парламентарните, освојувајќи советници во 30 општини.

Принципиелен став е дека не коалицираме предизборно со никого, а постизборно може да преговараме. Во игра е и формирање ново парламентарно мнозинство, чекаме покана за преговори, велат од Левица.

Познавачите на состојбите сметаат дека во моментов моќта на ВМРО-ДПМНЕ е поголема наспроти СДСМ.

Малите партии кои се дел од владејачкото мнозинство се воздржуваат од каков било коментар за идејата за формирање ново парламентарно мнозинство.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе