Македонија Топ вести

Даштевски: Четвртина од отпечатоците не сѐ со добар квалитет, излезноста до 15 часот 31,80 отсто

Гласањето ќе се продолжи за граѓаните кои ќе се најдат на избирачките места  и во дворовите на објектите по 19 часот и тие ќе можат да го остварат своето право на глас, истакна денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски охрабрувајќи ги граѓаните масовно да излезат и да гласаат на локалните избори.

ДИК испратил мејл до општинските изборни комисии со известување да ги информираат избирачките одбори да им овозможат на граѓаните да гласаат и по 19 часот, ако е потребно.

Гужвите или како што кажа успорувањето на гласањето на овие избори е поради многуте страници на Избирачкиот список и многуте листови за гласање, една четвртина од отпечатоците од прсти кои ги добиле не биле со добар квалитет, како и поради мерките за заштита од Ковид-19.

За Град Скопје има четири ливчиња, има огромни избирачки списоци, проверката трае двојно. И таму ќе биде дозволено да се гласа се додека не гласа и последниот гласач, рече Даштевски.

До 15 часот излезноста на гласачите е 31,80 отсто од добиени податоци од 69,86 отсто од избирачките места. На овие избирачки места гласале 403 715 гласачи.

Според Даштевски, ова е солиден процент на излезност на гласачите.

До одржувањето на прес-конференцијата до ОИК се поднесени 134 приговори за заштита на избирачко право, од кои 63 се прифатени, а десет се одбиени.

Претседателот на ДИК Даштевски ги соопшти и местата каде што имало прекин во гласањето, и наведе дека во седум избирачки места се гласа со УВ ламба и спреј, како до претходните избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе