Вести Македонија Топ вести

Избор меѓу најдоброто и промените

Многу ветувања и малку критика за политичкиот противник! Така почна, така и завршува изборната кампања. За да остане запаметена и со долгорочни одгласи, и овој пат се погрижи ДУИ.

Прво се обиде со зелената агенда. Откако се покажа дека тоа не може да издржи како главна тема цели 20 дена, Али Ахмети одлучи да го употреби веќе испробаниот рецепт од минатите избори. Во име на целосната рамноправност, тогаш предложи премиер – албанец, а сега претседател – албанец.

Двете најголеми партии секојдневно се натпреваруваа која повеќе ги разбира потребите на народот. ВМРО ДПМНЕ обвинува за назадување, поделби и апатија изминативе неколку години. Наспроти тоа, ветува нова иднина и патриотизам како завет за старите и влог во новите поколенија.

СДСМ бара континуитет на сите нивоа на власта. На локално ниво, за продолжување на илјадници проекти, а на централно ниво – за претстојниот економски раст кој би настапил по донесените „храбри одлуки“.

Долгорочната коалиција СДСМ-ДУИ изроди нов противник. Се случи навидум невозможното, коалиција на ВМРО ДПМНЕ со Алијанса-Алтернатива. Главната опозициска партија не успеа да ја придобие и Левица, а СДСМ успеа да ги изгуби невладините, ЛДП и ДОМ. Молкот пред неделното изјаснување – може да почне.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе