Вести

Курти: Погрешно е да се политизира борбата против корупцијата и криминалот во Косово

Во врска со институционалната стабилност и владеењето на правото не може да има стабилност на криминалот. Се бориме со корупцијата и организираниот криминал кој што е патем, мултуетнички. Српските и албанските криминалци многу добро соработуваат. Ние ќе се бориме против тоа по секоја цена.

Ова го изјави премиерот на Косово, Албин Курти на Економскиот самит во Скопје, запрашан за вчерашните немири на северот на Косово и за односите со Србија.

Имаше полициска акција во четири различни општини на Косово – Пеќ, Приштина, Северна Митровица, Јужна Митровица, каде што соработуваа разни криминалци, Албанци и Срби. Судијата на претходната постапка и обвинителот што дадоа налог за акцијата се Срби. Многу од полицајците се Срби. Некои од повредените полицајци беа Албанци, некои Срби. Погрешно е да се нагласува или да се  политизира нашата борба против корупцијата. Треба да соработуваме сите од Западниот Балкан против организраниот криминал кој што е многу поинтегриран отколку што сме ние како земји. Затоа ни се потребни функционална демократија и владеење на правото, рече Курти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе