Вести Македонија Топ вести

Затвореници на викенд го ископале гробот на 17-годишната кумановка, мотивите за морбидниот криминал не се откриваат

Двајца затвореници од Идризово кои биле на викенд отсуство и уште еден кумановец учествувале во грозоморното раскопување на гробот на 17-годишна девојка загината во сообраќајна несреќа лани.

Полицијата соопшти дека на сите тројца ќе им поднесе кривични пријави против три лица од Куманово, за кои постои сомневање дека сквернавеле гроб на градските гробишта во Куманово.

Триесетгодишниот Д.П. бил приведен вчера откако е осомничен дека на 11-ти октомври заедно со двајца затвореници го ископал и осквернавил гробот на 17-годишната. Девојка која што загина лани во сообраќајна несреќа во скопски Илинден.

-По преземени мерки добиени по сознанија дека на 11 октомври годинава, Д.П. заедно со Р. С. (30) и Б.Н. (32) двајцата од Куманово, кои биле пуштени на викенд од казнено-поправна установа Идризово, извршиле сквернавење на гроб-информираше полицијата.

Затворениците издржувале казна за претходно извршени кражби и тешки кражби. Полицијата нив ќе ги распита во затворот каде се вратиле по завршување на празничниот викенд.

Полицијата не го открива мотивот за морбидното кривично дело.

Во осквернавениот гроб на 17-годишна девојка барале злато и накит, обвинителството со детали за морбидниот криминал на кумановските гробишта

Како што вчера објави Телма, гробот ископал до длабочина на положување на сандакот и во целосен обем.

Загинатата девојка беше дел од кампањата „Спаси нечиј живот“, а билборд со нејзина фотографија и порака „Возев пијан и дрогиран… ја убив Јелена“ го имаше на повеќе места во родното Куманово, но и во Скопје пред комплексот судови.

Токму во скопскиот кривичен суд почна и се одвива судењето против млад кумановец, кој е е обвинет за предизвикување на сообраќајната несреќа во која загина 17-годишната девојка.

Семејството обвинуваше и тврдеше дека при увидот по сообраќајната несреќа се направени повеќе грешки и сметаа дека нивната ќерка била убиена откако со тешки повреди ја преживеала сообраќајната несреќа. Обвинителството немаше такви докази и поднесе обвинение против возачот.

Исто така овој замрсен случај, имаше и продолжение кога таткото на загинатата девојка беше приведен во кумановската полиција поради сомнеж дека барал платен убиец за ликвидација на човекот кого го смета за одговорен за смртта на девојката. Мајката на загинатата девојка пак имаше пријавено напад и следење од сведок на сообраќајката. Повеќе на темата во написот на Телма.

Ископан и осквернавен гробот на 17-годишна загината кумановка во сообраќајна несреќа- чие семејство со билборд бараше спас од пијани и дрогирани возачи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе