Вести Македонија

Оружје украдено во грабеж во прилепски Еурокомпозит

Кражбата се случила меѓу неделата и вторникот (03.-05.10.) кога во 14 часот била известена полицијата.

Полицијата соопшти дека непознат сторител на сила влегол во фабриката „11-ти Октомври- Еурокомпозит“ и однел неколку парчиња оружје, како и други предмети.

Отворена е истрага, а не е прецизирано каков тип на оружје е украдено.

Еурокомпозит е наменска фабрика за производство на борбена и специјализирана заштитна опрема како штитови, шлемови и слично, но последните неколку години се соочува со проблеми, долгови, блокирана сметка.

Повеќе пати работниците на протести бараа исплата на заостанати плати и придонеси и решавање на проблемите на фабриката која е во државна сопственост и не функционира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе