Вести Македонија

Бегалците од Авганистан на шопинг во трговски центар

Впечатливи најмногу заради силното полициско обезбедување околу нив, а помалку заради надворешниот изглед, група Авганистанци денес излезе на шопинг и тоа во строгиот центар на Скопје.

Неколку часа околу овој трговски центар, полицајци и во униформа и во цивилка беа распоредени на влезовите, што измами и прашања од неколку случајни минувачи кои беа љубопитни – што се случува овде баш денес.

По околу два часа внатре, бегалците од Авганистан излегоа од трговскиот центар, натоварени со ќеси полни со сè што се подновиле во продавниците. На излезот мораа да почекаат да се собере целата група на куп, за потоа со полициска придружба да заврши нивната прошетка.

„Предводени од претставници на Црвен крст, група Авганистанци со овие три градски автобуси ќе се врати назад во своето сместување. Од Владата им било забрането да даваат било какви изјави за медиуми.“

На скопскиот аеродром првпат слета авион на авганистанската компанија „Кам ер“, на 31 август. Донесе 149 не патници туку бегалци кои за првпат доаѓаат во Македонија.

Неизвесно е дали дури и на двајцата директори на Тетовската болница ќе им бидат прифатени оставките

Оттогаш почна да им тече 90-дневниот период од издадената виза. Период од три месеци во кој западните држави треба да им ги одобрат заминувањето таму по привремениот престој во Македонија. Претходно тие со денови на отворено чекале лет за спас на аеродромот во Кабул.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе