Ковид19 Свет Топ вести

Нови правила во Ираел, речиси два милиони Израелци останаа без зелени пропусници

Речиси два милиони Израелци останаа без зелени пропусници, откако власта воведе задолжителна трета доза вакцина после поминати шест месеци од примена втора доза. Додека на местата за вакцинација, се зголеми бројот на оние кои сакаат да ја примат бустер дозата, дел од граѓаните излегоа на простест. Според новите правила зелените ковид сертификати веќе не важат за оние кои примиле само две дози од Фајзер или Модерна, а за деца под 12 -годишна возраст е потребен негативен Пи-Си Ар тест.

„Зелена пропусница – црна дамка“, „нема демократија“ со вакви натписи на своите автомобили Израелците излегоа денеска на улиците да протестираат против новите ригорозни мерки. Дел од демнострантите кои возеа низ градот Латрун во централен Израел се противат на присилната вакцинација и какви било присилни лекови.

  • Ние сме тотално против каква било присилна вакцинација, или какви било принудни лекови. И ние сме тотално против тие да прават нешто на нашите деца и внуци со тоа не се согласуваме. И не знаеме што е тоа, и слушаме страшни приказни за штетата што им се нанесува на луѓето – Сара Фелт, демонстрант.

Според новите ригорозни мерки, кои од денеска стапуваат на сила, таканаречените зелени пропусници не важат за луѓето кои примиле само две дози вакцини, а не ја примиле третата бустер доза, по поминати шест месеци.

Тоа значи дека речиси два милиони Израелци ќе останат без пропусници и без можност да за пристап до многу јавни места и настани, како и ресторани и музеи.

Новите, доста комплицирани правила, предвидуваа оние што се опоравиле од „Ковид-19“ мора да примат една доза вакцината за да добијат зелен пасош. Оние кои ја примиле втората доза на вакцината по 3-ти октомври ќе добијат пасош една недела откако биле вакцинирани со Фајзер или две недели откако биле вакцинирани со Модерна, а за деца под 12 -годишна возраст е потребен негативен Пи-Си Ар тест.

Привремена пропусница може да се добие лице врз основа на негативен тест за вирусот, но тој се плаќа, и важи само во случај лицето да не може да се вакцинира.

Во исто време, полицијата ја зајакна контролата на вакциналните сертификати на јавните места и во градовите со висока стапка на инфекција.

  • Дојдов овде денес затоа што ова ме потсетува на мрачни времиња што еврејскиот народ ги видел порано. Ова е дамка за нашата земја, за нашето општество. Го претставував Израел низ целиот свет, одев на факултетски кампуси, јас се борев за Израел и денес се срамам од она што го прави Израел.

Рано утрово Министерството за здравство објави дека валидноста на зелената карта се продолжува за три дена поради технички потешкотии појавија при издавањето на нови документи.

Според израелското Министерството за здравство над 3,4 милиони од 9 милиони израелски граѓани веќе примиле трета доза од вакцината Фајзер/Бионтек.

Израел е првата земја каде трета доза е задолжителна за секој над 12 години. Израелскиот премиер Нафтали Бенет синоќа рече дека „е рано да се слави“ и покрај знаците дека најновиот бран на Ковида-19 опаѓа.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

 СДСМ со нова идеолошка платформа ќе врши притисок врз власта

Igor Trajkov

КОД – Посебни истражни мерки за борба против криминалот за кои граѓаните не ја знаат цената

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе