Алармантна е ковид ситуацијата на Балканот. Епидемиолозите во Србија бараат враќање на ригорозните мерки. Во Босна, земјата која има најголем процент починати во Европа, болниците се преполни, а вакциналните пунктови се празни. Количина од 350 илјади дози вакцини се пред истек на рокот.
Со осум илјади заразени на ден и 40 починати, ситуацијата е најлоша од почетокот на пандемијата велат српските епидемиолози. И и предлагаат на власта повторно да се затворат угостителските објекти и да работат само прехранбените продавници, аптеките и бензинските пумпи. Ситуација станува алармантна итно се потребни рестриктивни мерки, бидејќи е доцна за барање вакцинални сертификати во затворените простори.
Болниците ширум Босна се повторно полни со инфицирани со Ковид – 19, бројот на тешките случаи се зголемува. До сега во оваа држава од корона вирусот починале 10.500 луѓе, а вакциналните пунктови во земјата се претежно празни.
Минатата година во декември, кога во ЕУ започна кампањата за масовна вакцинација, Босна, како и останатите Балкански држави, беше оставена да чека вакцини. Кога на пролет стигнаа вакцините граѓаните одбива да се вакцинираат и на 50.000 дози вакцини АстраЗенека им истече рокот, а сега на дополнителни 350.000 дози рокот им истекува овој месец.
- Уште една работа која кај нас не се случи, тоа е промоција на вакцините. Прво беше антипромоција, бидејќи немнавмо. Па кога добивме вакцини, кои во главно беа донирани почнавме да бираме која ќе ја примиме. А во позадината на сето тоа е слаба информираност и незнаење- Еднад Дрљевиќ, специјалиста за заразни болести.
Антиваксерите ги надгласуваат апелите на лекарите, па помалку од 13% од 3,3 милиони жители во Босна се целосно вакцинирани.
- Јас мислам дека тоа е само некоја потреба да пружаат отпор, макар тоа било и на вакцинацијата- Мирјана Гољанин, вакцинирана.
- Јас му препорачувам на секој кој не примил да прими вакцина, јас да не примев вакцина сигурно сега со вас не би разговарал- Мидхат Кураовиќ, вакциниран.
Поради пандемијата пораснаа многу проблеми на балканските нации, недостаток на медицински персонал, тешка економска состојба и граѓани кои се колебаат да се вакцинираат. Европските земји поради големиот процент на вакцинирани кој изнесува и над 70% од популацијата ги симнуваат маските. После месеци најстроги мерки и Австралија, каде стапката на вацинираност е над 80% им ја враќа слободата на вакцинираните, границите се отворени за посета на роднините. А извесно е дека коронавирусот сигурно ќе остане меѓу нас уште неколку години, велат фармацевтите.
Билјана Ставрова
