Кардиологот и член на Македонската академија на науките и уметностите, Сашко Кедев, вчера, како дел од група на 22 алпинисти го искачи осмиот највисок врв во светот, Манаслу.
Манаслу, познат и како Планина на духот, се наоѓа во Непал и е висок 8.163 метри.
Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, вклучувајќи го и „Покривот на светот“, Маунт Еверест, во 2009 година.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
