Нема да се бара екстрадиција на уапсениот дипломат Миле Миленкоски од Србија затоа што во Македонија против него не се води постапка, објаснува министерот за правда Бојан Маричиќ. Министерот тврди дека во правда нема никакво известување стигнато од Србија за случајот. ,
-Јас ги имам информациите што ги имаат веројатно и јавноста и дел од владините функционери. Министерството за правда нема тука никаква улога, бидејќи лицето што е во притвор, нашиот дипломат што е во притвор во Србија, нема кај нас отворена постапка по која ние би го барале како држава, изјави Маричиќ.
Министерот објасни дека може да се бара екстрадиција или трансфер на осудено лице, меѓутоа, како што рече, дипломатот сè уште не е ниту осуден ниту, пак, кај нас има постапка врз основа на која ќе треба да го бараат.
Маричиќ вели дека министерствата од Србија не стапиле во никаков контакт со Министерството за правда, а нема информација дали стапиле во контакт со Министерството за внатрешни работи.
Миленкоски е уапсен на 27-ми август по меѓународна потерница издадена од Ерменија за него, со ознака „Апси“. Миленкоски е уапсен иако имал дипломатски пасош, а во моментот ја извршуваше функцијата заменик-шеф на мисијата во ОБСЕ во Виена. Ерменија го товари дека во октомрви 2019-та со уште двајца други дипломати од таа држава со приватен авион го извлекол македонскиот државјанин Бранислав Димитријевиќ кој е осомничен за проневера со јавни фондови во поранешната советска република.
Според законот за надворешни работи, во член 26 стои дека државата односно дипломатско конзуларните претставништва ја вршат и функцијата:
– ги штитат интересите на РС Македонија и на нејзините државјани и правните лица и вршат конзуларно-правни работи.
Обврската за ваква заштита спаѓа во делокруг на работата на амбасадата и другите претставништва во Белград и Србија, но според податоците до кои дојде Телма од Вишиот суд во Врање, досега никој од амбасадата нема извршено или понудено помош за притворениот Миленкоски. Македонија единствено му го одзеде дипломатскиот пасош со кој автоматски се укинува и дипломатскиот имунитет на уапсениот.
Од друга страна, Миленкоски имал и безбедносен сертификат за строго доверливи информации, а со веќе осознаени такви информ
ации издадени во државата и во мисијата на ОБСЕ, сега се наоѓа во притвор во Окружниот затвор во Врање.
Иако имало распишана меѓународна потерница по Миленкоски, МНР не било известено од МВР, па го бира во дипломатската мисија во Виена, а при враќање дипломатот, сега со изгубен имунитет, е уапсен на преминот Прешево-Табановце. Нема објаснување ниту како дипломатот успеал со меѓународна потерница по себе да ја напушти државата на македонски граничен премин.
Во Ерменија, Миленкоски е осомничен за организиарње на бегството на Бранимир Димитријевиќ, градежен инжинер задолжен за надзор врз градилиште на патен коридор, кој е осомничен за финансиски малверзации од повеќе милиони евра во ист случај со братот на поранешниот ерменски претседател.
Во изминатите две изданија, КОД објави две истражувања за најголемиот македонски дипломатски скандал. Првото е „Дипломати дома, тајни агенти во Ерменија“, а продолжението е во видеото подолу, а се однесува на тоа колку пари се дадени за бегството и како избеганиот Димитријевиќ бил управител на фирма која соработувала со државни органи и министерства во Македонија.
