Македонија Топ вести

„Си купувам црква и ќе си палам свеќи за здравје“, вели директорката на „Ре Медика“ Јорданова

Црквата Св Константин и Елена во центарот на Скопје ќе оди во рацете на приватната здравствена установа Ре Медика. Градежната компанија „Бетон“ ќе го исчисти долгот од 4,4 милиони евра кој кон компанијата го имаат Фондацијата Св. Цар Константин и Македонската православна црква и ќе го префрли кон приватната болница. Одлуката треба да ја усвојат акционерите на градежната компанија на вонредното акционерско собрание кое е закажано за 18 октомври. Од МПЦ молк- не одговараат што ќе се случува со храмот во центарот на Скопје за кој претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и МПЦ собираа донации.

Си купувам црква и ќе си палам свеќи за здравје“. Вака директорката на приватната здравствена установа Ре Медика Елица Јорданова, сопруга на Минчо Јорданов гледа на последната „инвестиција“ Ре – Медика да ги преземе долговите од „Бетон“ за црквата Св. Константин и Елена. Станува збор за долг од 4,4 милиони евра кој кон „Бетон“ на Минчо Јорданов го имаат Фондацијата „Св. Цар Константин“ и Македонската православна црква за изградбата на храмот  во центарот на Скопје. Со тоа „Бетон“ на Јорданов, ќе го исчисти долгот и ќе го префрли на Ре-медика. Болницата ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ со што ќе стане доверител. А одлуката треба да ја усвојат акционерите на „Бетон“ на вонредното собрание на 18 октомври.

До сега Бетон требаше да ја продаде, а не да ја моли црквата да си ги плати долговите. Дали некој до сега се запраша дали споменикот на Мајка Тереза е платен како и други објекти од Скопје 2014. Тој што ги нарачал тие инвестиции требало да ги плати, не е во ред со години да должат. Бетон треба да си ги наплати долговите. – вели Јорданова

Црквата беше идеја и желба на поранешниот премиер Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Уште пред да се издаде дозволата за градба беа задушени протестите на граѓаните кои сметаа дека таму не треба да се гради црква.  Откако земјиштето се префрли на име на МПЦ, со потпис на г.г. Стефан се формира фондацијата Св. Цар Константин, а како основачки влог е ставено земјиштето. Пари за изградба на црквата се собираа на донаторски конференции. Донираа  политичари, бизнисмени, владици.

Од Фондацијата и од МПЦ денеска молк. Иако цел ден се обидувавме, никој од скопската епархија не одговори на нашите прашања што ќе биде сега со храмот во центарот на Скопје кој и по десет години се уште е заграден со тараби.

Постапката пак за чистење  од долгови на „Бетон“ за познавачите е обид таа да стане  поконкурентна на пазарот.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе