Две државјанки на Македонија ги измамиле здравствените работници во Србија, откако успеале да добијат потврда за вакцинација, иако не ја примиле вакцината, објави српски Курир.
Инцидентот се случил во саботата околу 12 часот во Спортската сала во Врање, главниот центар за вакцинација во градот, а информацијата ја потврдиле и од српското обвинителство.
Двете македонки од Скопје, на возраст од 54 и 40 години, ја напуштиле Спортската сала по лекарски преглед и добиле потврда за вакцинација, иако не беа вакцинирани.
Според Основното јавно обвинителство во Врање, тие биле запрени на граничниот премин Прешево, каде биле уапсени за поттикнување лажна содржина и сослушани, а потоа морале да уплатат по 60.000 динари во хуманитарни цели.
