Македонија

Пандемијата предизвика застој во третирањето на заболените од малигни болести

Панциентите од рак не смеат да бидат заборавени поради пандемијата, порачаа учесниците во кампањата „Напред розово“ во органзиација на здружението „Борка“. Не само кај нас, секаде во светот голем број од дијагностичките процедури беа прекинати, за 40 проценти е намален бројот на ново откриени случаи, поради што демне опасност недијагностицираните пациенти да развијат рак во доцен стадиум.

Треба да продолжи континуираниот скрининг за рак на дојка и другите скрининг програми. Да им се овозможи на пациентите да имаат непречени и достапни дијагностички процедури, тој проблем што се појави во ковидот да биде надминат, вели Биба Додева, претседател на здружение „Борка“.

Годишно во Македонија се регистираат по 700 до 800 случаи на рак на дојка, а битката со болеста ја губат 250 паценти. Од 2015 година кај нас се воведе организран скрининг, а сите жени од 50 до 69 годишна возраст можат да се јават на бесплатен превентивен преглед.

Досегашните резултати покажуваат дека 84,2 проценти од жените кои што биле скенирани преку скрининг програмата, а сепак се заболеле, се жени кои претходно направиле мамографски преглед, со вториот мамографски преглед веќе е откриена болеста и за нив се преземени мерки за лекување и рехабилитација во 2015 година се откриваат од 700 до 800 случаи на дојка, а 250 умираат, рече проф. Д-р Елена  Ќосевска, Институт за јавно здравје.

Раното дијагностицирање е исклучително важно за лекување на ракот на дојка, велат лекарите.

Раното откривање е нешто што дава надеж дека таа болест можеме да ја донесеме во мали стадиуми кога полесно може да се елиминира, да не дојдеме во тешки стадиуми кога лечењето е потешко, а имаме и нови лекови, вели д-р Нино Васев, Клиника за онкологија.

И Американската абмасадорка Кејт Мари Брнз, ја подржа кампањата „Напред розово“.

-Последнава година и пол нѐ научи на важноста на здравјето, но истовремено имаше огромно влијание врз примарната заштита и врз барањето на луѓето на рана дијагноза. Фактот што видовме 40 отсто намалување на рано детектирање на ракот е навистина тажно. Многу од нас, или лично или преку член од семејството сме допрени од оваа болест, рак на дојката, рече Брнз.

Ова е 13-та кампања за борба против рак на дојка на Здружението Борка. И министерот за здравство Венко Филипче го поддржа настанот и посочи дека во последните години системски е подобрен пристапот до здавствена заштита кај пациентите заболени од карционом, а за нив покрај скрининг е озбебедена и квалитетна терапија, рече Филипче.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе