Ковид19 Македонија

Најдено привремено решение меѓу хирурзите од ГОБ „8 Септември“ и министерот Филипче

Заврши состанокот на хирурзите од ГОБ „ 8 Септември “ со министерот за здравство. Најдено е привремено решение за оперативната програма за следната недела, а во тек на престојните денови министерот и лекарите ќе разговараат и за трајно решение за проблемот. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, најголем број од пациентите се невакцинирани и тоа сериозно го оптеретува здравствениот систем.

Состанокот се одржа по денешната реакција во на хируршкиот колектив кој најави дека ќе ги прекине операциите во понеделник , доколку директорот Костов не им обезбеди услови за третирање пациенти кои не се во животозагрозувачка состојба. Хирурзите побараа од директорот да го зголеми бројот на хируршки сали  од сегашните 2 на 6, зашто како што кажаа во писменото соопштение, и покрај работата на болницата како главен ковид центар во државата, не е реално да не се третираат останатите пациенти.

На барањата на хирурзите следеше писмен одговор од директорот Костов , во кој тој кажа дека зголувањето на бројот на салите за операции сега не е можно зашто дел од персоналот е ангажиран во ковид одделенијата, а хируршките се намалени заради зголемување на капацитетот на одделенија за лекување на пациенти со ковид и дека согласно препораките на Министерството за здравство , се оперираат само пациени чиј живот е загрозен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе