Најголемата опозциска партија ВМРО ДПМНЕ го промовираше и изборниот слоган.
На претстојните локални избори, ВМРО ДПМНЕ ќе настапи со слоганот „Создади нова иднина – Промени проекти победи“.
Програмата го носи насловот „Гарантираме“. На брифингот со новинарите, лидерот Христијан Мицкоски рече дека врз основа на анкетите што партијата постојано ги прави, очекува победа во поголемиот број општини.
Кампањата ја почнуваат традиционално од Охрид во понеделник, на 27-ми септември. На отворен простор ќе има промоција на сите кандидати за градоначалници.
