Вести Македонија

Газдата не го врзал коњот, па го ловеше полициска потера на автопат- диви свињи на охридски пат

Две полициски возила гонат коњска запрега на автопатот Скопје-Тетово, видеото е поставено на социјалните мрежи, а двајца камионџии кои ја снимаат несекојдневната потера во живо ги коментираат настаните и „делат“ совети за успешна полициска акција.

Инцидентот се случил завчера и за среќа не предизвикал несреќи во сообраќајот.

Запрежната кола всушност се движи во спротивна насока и полицајците успеваат да спречат поголем инцидент, а и возачите кои оделе кон Тетово биле внимателни и успеале да избегнат судар со брзиот коњ.

Од СВР соопштија дека го нашле сопственикот на коњот за кого се подготвува и пријава:

-Завчера (21 септември) околу 14 часот и 15 минути, во СВР Тетово пријавено е дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за Брвеница кон Требошки натпатник, во спротивна насока, без надзор и контрола, сам се движи коњ со запрега.Kоњот со запрега е фатен и однесен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово.Набрзо е идентификуван и повикан сопственикот Н.К.(53) од Тетово.Се расчистува случајот, по што против Н.К. ќе следува соодветен поднесок.

Во друг инцидент, но на друг крај од државата имаше поинакво животно во сообраќајот. Веб сајтот ОхридЊус објави фотографија од диви свињи излезени на пат.

Сличен инцидент со коњ беше забележан и на автопатот кај Градско во јуни. Тогаш коњот трчаше во правец на сообраќајната лента, но не запираше меѓу возилата на автопатот кој од Скопје води кон Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе