Во тензична атмосфера започна Комисијата за образование. Одбивањето на процедуралните забелешки од страна на претседателката на Комисијата Жаклина Лазаревска предизвика бурни реакции кај опозицијата. Таа не им дозволи на челновите од ВМРО ДПМНЕ да излезат на говорница со образложение дека го прекршуваат Деловникот и се однесуваат недемократски блокирајќи ги предложените закони. По прекинот на седницата, опозицијата обвини дека не им било дозволено да побараат на дневен ред да се стави Информацијата за Ковид состојбата во основните и средните училишта.
Владејачката СДСМ смета дека проблемот е во опозицијата која според нив се однесува неодговорно, деструктивно и лицемерно.
Заглавените закони ќе го чекаат завршувањето на локалните избори, па дури потоа ќе се расправа за нив. На усвојување чекаат законот за работни однсои во чии измени се предлага недела да биде неработен ден. Законите за граѓанска одговорност за навреда и клевета, за измени на Кривичниот законик, за превоз на опасни материи,ја јавни набавки и други.
Јулијана Пешевска
