Ковид19 Македонија Најважни

Директорите на болниците се обврзале дека се одговорни за надзорот на модуларните објекти

Светска банка ги кредитирала, владата ги порача а ги изработи велешката фирма „Брако“, но надзорот и одговорноста за функционирањето на модуларните болници според официјалните документи од кредиторот и Министерството за труд и социјална политика е кај 17 –те директори на болниците ширум земјата. Освен што нивните имињата стојат впишани во документите за „План за еколошки и социјален менаџмент“.

Таков е и случајот со тетовската болница каде што името на директорот Флорим Бесими се провлекува во сите три фази од изведувач, па се до контрола на квалитетот. Останува прашањето на кое одговор треба да даде истрагата, зошто во тендерската документација не е наведена одговорноста за одржување и управување, иако Светска банка изработила целосен план за поставување и управување со модуларните болници.

Општина Тетово иако самата го објавила на својата стрница документот негира дека има било каква одговорност и надлежност со модуларните болници. И од Министерството за здравство отфрлаат одговорност околу надзорот бидејќи станува збор за времен објект а не градежни објекти со градежна дозвола.

Модуларните ковид центри, не спаѓаат во прва , ниту во втора категорија, што значи дека не се градби за кои е потребно одобрение за градење. Со измените на Законот за градење, се дефинираат модуларните монтажни објекти во категорија на градби за кои не е потребно одобрение за градење, оттука според законската регулатива  не е предвиден надзор над работите, велат од здравство.

Сепак, директорите на болниците уште пред 6 месеци посочија дека по монтирањето токму здравство извршиле технички прием, а тие продолжиле со обврските за доопремување и менаџирање.

Ваквите тврдења ги посочија и остантите директори кои добиле модуларни, но стравуваат да зборуваат во јавност по случајот со пожарот во тетовската болница. Сите менаџери биле обврзани за одржување и за внатрешните приклучоци, откако здравство ќе им ги предаде монтажните објекти.

Обврска за технички прием немале ниту во транспсорт и врски, што, пак, отвора дилема дека Светска банка точно знаеле дека одговорноста во менаџирањето на овие објекти е кај директорите на болниците и дел кај локалната власт.

Прочитајте повеќе: Градежништвото и земјоделството „рај“ за сивата економија

Ако се споредат договорите со добитникот на тендерот „Брако“ и Светска банка може да се заклучи дека ниту државата, нити кредиторот не предвиделе обврски за надзор кон „Брако“ освен да ги изработи и да ги постави на предвидената локација, транспорт кој бил пресметан во цената на чинење.

Ваквата обврска се гледа и во договорот со изведувачот „Брако“ во кој Министерството за здравство имало можност да го раскине договорот и да не претрпи штета, но само доколку објектите не биле изградени според техничката спецификација, но тој член од договорот никогаш не бил активиран.

Државата за овој проект зема кредит од Светска банка и за 3,8 милиони евра изгради 17 модуларни болници.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија бира претседател на седми претседателски избори од осамостојувањето

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе