Во моментов нема потреба за други мерки освен оние што се утврдени од Комисијата за заразни болести за да се заштитат учениците од КОВИД-19 во училиштата, одговори министерката за образование и наука Мила Царовска откако беше прашана дали во цела држава ќе се следи пртимерот од општина Илинден која вчера донираше брзи тестови за КОВИД-дијагностицирање во три основни и едно средно училиште.
-Не станува збор за желби и можности, туку за препораки од здравствените власти. Ако Комисијата за заразни болести утврдила протокол и постапување, сметам дека сите општини и сите училишта треба да ги почитуваат. Ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нема додатна вредност во даден момент. Доколку тие утврдиле дека има потреба, тогаш ќе го спроведеме во сите училишта, но во моментов останува да се почитуваат препораките што се дадени, а тоа е да има дезинфекција, мерење температура и проветрување на просториите, изјави Царовска.
Министерката вели дека сите ученици кои се заболени или се во самоизолација се приклучени на онлајн часови и смета дека сите училишта навремено реагирале во такви случаи поучени од ланското искуство и со помош на платформата за далечинско учење.
Во скопско основно училиште пак е зголемен број на заразени наставници и ученици, а од школото негираат.
Ковид-19 се шири меѓу учениците и наставниците, надлежните демантираат
