Ковид19 Македонија

Во тетовскиот Ковид центар за 24 часа имало 53 контролни прегледи, еден пациент починал

Во Ковид центарот при тетовската клиничка болница во текот на 24 часа имало 53 контролни прегледи, од кои двајца се примени на болничко лекување.Тројца хоспитализирани пациенти се пуштени дома. Во изминатите 24 часа починал еден пациент, 61 годишно лице.

Како што изјави д-р Миранда Пајазити, починатиот е примен во лоша состојба и тешка форма на болеста во терминална фаза. Тој не бил вакциниран, а Пајазити нема информации за претходната здравствена состојба. Од друга страна, бројот на хоспитализирани значително опаѓа деновиве. Сега има 23 хоспитализирани лица, сите со кислородна поддршка.

Од пациентите која ја преживеаа таа кобна ноќ во модуларната болница сите се добри и пуштени дома и имаме само уште двајца хоспитализирани, кои се во стабилна форма, но се на третирааат како пост ковид пациенти. Се надевам дека ќе бидат пуштени дома, изјави д-р Миранда Пајазити.

На новинарско прашање дали има деца со Ковид-19 во тетовскиот регион, докторката вели дека на одделението за педијатрија има пациенти, но кај нив не е дијагностициран коронавирус.

Немаме информации дали во Скопје има деца пациенти од Тетово, позитивни на Ковид-19, но во педијатрија тука кај нас немаме деца кои се позитивни на Ковид-19 и се надеваме дека нема да имаме, рече д-р Пајазити.

Според изјавата на д-р Миранда Пајазити, Клиничката болница нема добиено информации од Обвинителството околу пожарот на 8 септември.

Уште никој од нашиот персонал не бил во јавното обвинителство да даде исказ. Оставено е на надлежните и ние сакаме да знаеме што се случило и чекаме да се расчисти, рече докторката.

Спореда податоците на Институтот за јавно здравје во тетовскиот регион активно болни има 985 луѓе. Од почетокот на пандемијата 10764 лица биле заболени, а починати се на 487 луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за обид за убиство во Шишево

Kristina Kuzmanovski

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе