Ковид19 Македонија

Вакцина против Ковид-19 вчера примиле 12.099 граѓани, ревакцинирани 697.847

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму оценуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Со последните бројки 55 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31 посто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, наведуваат од Министерството.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините, посочуваат од Министерството, се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, се вели во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски во Телма интервју: Сите нови вработени кои се помлади од 40 години се вклучуваат во вториот пензиски столб

Kristina Kuzmanovski

Бела пена се влева од Лепенец во Вардар, со дрон се бараат виновниците

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Во лето снег падна на Пелистер

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе