Вести Македонија

Заев: Зборот „бугарски“ пред фашистички окупатор ќе го бришеме од учебниците

Ќе се брише етничкиот предзнак бугарски пред спомениците од Втората светска војна и ќе стои само фашистички окупатор, а истото ќе се спроведе и во учебниците. Ова го изјави премиерот Зоран Заев објаснувајќи што конкретно ќе се спроведе од барањето на Бугарија. Едно од нив е и името на државата за кое спори Бугарија.

„Ќе треба да има дипломатска нота во која што ќе се опишува дека краткото име е исто со долгото име, односно Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија и нема територијални претензии. Дека не се мешаме во внатрешните работи, вклучително и за малцинските права заради тоа што тие се граѓани на Република Бугарија. Не смее фашизмот да има етничка димензија така што во одредени наши споменици веќе тоа е направено каде што стоело бугарски фашистички окупатор сега веќе фашистички окупатор затоа што не можете нација да обвините за тоа“, истакна Зоран Заев.

Вчера еврокомесарот Оливер Вархеи имаше средба со бугарскиот претседател Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев но нема детали што е конкретно разговарано. По оваа средба не е одржана прес конференција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе