Вести Ковид19 Македонија

Општина Тетово ја префрла одговорноста за (не)контрола врз модуларната кон Министерството за здравство и градежните инспектори

Од општина Тетово тврдат дека тие немале никаква одговорност во оперативната фаза на градбата на модуларната болница (која изгоре на 8-ми септември при што починаа 14 луѓе).

Општинските власти тврдат дека за модуларните согласно донесениот закон овластувањата за надзор биле во Министерството за здравство и во Државниот градежен инспекторат.

Реакцијата стигна откако претпладнево Дојче веле објави документи спореед кои „За тетовскиот ковид-центар надлежни биле општината и директорот на болницата“.

Еве го соопштението на општина Тетово:

Што се однесува до надлежноста на институциите за контролната и оперативната фаза во врска со тетовската модуларна болница ве известуваме за следното:

1.Градењето на самата модуларна болница во Тетово како и на сите други низ државата, се изградени со посебен закон, каде што сите надлежности се насочени на централно ниво, односно министерството за Здравство кое го издава решението.

Во оваа насока ве известуваме дека врз основа на последните измени од Закон за градење ( Службен весник на Република Северна Македонија бр.279 од 24.11.2020 )во член 4  го цитираме членот:   во член 74  во ставот (2) по зборовите : “решението го издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот  “ се додават зборовите “ барањето за изведување односно постапување на модуларни градби или група од модуларни градби , наменети за вршење на здравствена дејнсот се поднесува до Министерство за здравство и решението го издава Министерство за здравство”.

Прочитајте: Европски суд за човекови права-Русија стои зад убиството на Литвиненко кое најверојатно го наредил Путин

Во ставот (5) по зборовите ‘органот на државна управа надлежен за вршење на работите на уредување на просторот “ се додаваат зборовите  “ заклучокот , односно Решението на Министерство за здравство.

  1. Комуналните инспектори немаат надлежност да вршат контроли врз посебни објекти и градби од прва категорија. Системите за безбедност и за гасење на пожар и контролата на нивната функсионалност се истотатка се под надлежност на Министерството за Здравство, односно и на други институции од централно ниво.

Дополнително ве известуваме дека Модуларната болница е градба од прва категорија и за истата инспекциски надзор врши државен инпсекторат врз основа на Член 128 став (2) од Закон за градење.

  1. Во однос на инсталациите, водовод и канализација, Ве известуваме дека истите биле во надлежност за градење од страна на изведувачот, а општината извршила само приклучок на истите.

Дојче Веле: За тетовскиот ковид-центар надлежни општината и директорот, нема потпис од ниту еден инжинер за извршен надзор во сите модуларни болници  

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници, ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово

Дејан Дејан

Руски воен репортер загина во Украина

Дејан Дејан

Лукаревска: Во следните четири години ќе ја зајакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе