Ковид19 Македонија Најважни

Се истражува кој ја оштети со хебла електричната табла во Модуларната болница во Прилеп

Ќе помогнат ли безбедносните камери поставени околу Модуларната болница во Прилеп, да се расветли инцидентот, кој за среќа мина без последици.

Во овој објект каде се сместени 17 ковид пациенти, е оштетена електричната табла и насилно отворена со хебла, а случајот веќе го истражува полицијата.

Опремата во модуларната болница не останала без напојување, затоа што не се снабдува со струја од оваа табла, па животот на пациентите  не  е загрозен.

Од прилепската болница велат  дека не се знае кога   се случи  овој  вандалски чин, но обезбедувањето го откри   синоќа кога вратата од таблата случајно се отвори од силниот ветер. Електричната инсталација во Модуларната болница  нема никакво оштетување.

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница. Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција. Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата  Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Од 17 пациенти во Модуларната болница во Прилеп, 14 се на кислородна поддршка, а 2 се со тешка клиничка слика. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на инцидентото во Прилеп. Снимките од безбеносните камери веќе се подигнати од истражните органи.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

Kristina Kuzmanovski

Изведување нови докази на судењето за пожарот во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

ЕФА бара од Бугарија, да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе