Ковид19 Македонија

Средношколците во Кичево започнуваат со настава со физичко присуство, 0,02% од вкупниот број на ученици во земјава позитивни на Ковид

Кичевските средношколци од денес седнуваат во училишните клупи откако учебната година ја започнаа онлајн поради состојбата со пандемијата. Станува збор за повеќе од 1500 ученици од прва до четврта година во училиштата „Марко Милески“ и „Дрита“. Тие поради состојбата со четвртиот бран на зараза во земјава, учебната година на први септември ја започнаа пред екраните. Одлуките за промена на моделот на настава ги носи Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.

Оваа одлука што ја донесе Владата за Општина Кичево се однесуваше за една недела, и по истекот на овој период, но и по проценка на Комисијата, учениците ќе продолжат настава со физичко присуство. Тоа што е особено важно да се потенцира е дека училиштата не се трансмитери на заразата и дека во секој случај кога има појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите, велат од МОН.

Од Министерството за образование и наука информираат во проценти – 0,02 отсто од вкупниот број на ученици и исто толкав процент и на наставници се водат како активни случаи на Ковид, нешто што засега не може да влијае на моделот на настава со физичко присуство, повторуваат надлежните. Во случај да во некое одделение се јават симптоми на зараза кај некое дете, се постапува согласно протоколите и се издаваат решенија за изолација. Само за споредба, во соседна Србија 379 класови веќе се префрлиле на онлајн-настава затоа што имаат потврдени два случаи на позитвни ученици – а, протоколот кај нив вели во тој случај, 10 дена онлајн настава за цело одделение.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши ја повика опозицијата да гласа за Законот за правична застапеност

Tea Dimkovska

Долго собирам материјал, а потоа пишувам во манично – трескавична состојба, открива Дејан Дуковски автор во фокусот на „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Трошоците за живот повисоки за околу 5 отсто, најмногу поскапеле транспортот и храната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе