Обвинителството за борба против организиран криминал испратило наредба до бирото за јавни набавки за доставување на документите за набавката на модуларните болници , дознава Телма.
Во јавноста се отворија дилеми околу безбедноста на модуларните болници и начинот на кој тие биле поставувани и го поминувале техничкиот прием.
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека според документацијата со која располага министерството за здравство, тие ги добиле сите потребни дозволи и одобренија, отворајќи ја дилемата дека истрагата треба да утврди дали тие биле управувани на правилен начин.
