Пожарот во КОВИД центарот во Тетово е изгаснат, лекарите се борат за живот плус, во тек е детална истрага, соопштија од владата во 1 часот по полноќ.
-Вечерва во тетовскиот КОВИД центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има 10 жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот, е наведено во соопштението.
Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените.
Тела на 14 починати од катастрофалниот пожар донесени на судска медицина
-Пред малку заврши итниот кризен штаб кој се одржа во Општина Тетово со највисокиот државен врв, а за утре во 10 часот наутро закажана е итна и вонредна седница на Владата на Северна Македонија посветена на решавање на трагедијата во Тетово, стои во владиното соопштение.
Нема детали за текот на состанокот на кризниот штаб на кој присуствуваа десетина министри и функционери. На кризниот штаб бил присутен и државниот обвинител Љубомир Јовевски. По состанокот ниту премиерот Заев не даде изјава оценувајќи дека е прерано бидејќи се уште нема целосна информација.
