Министерот за здравство Венко Филипче пред малку на Твитер објави дека во стаотниот пожар во ковид центарот во Тетово има и човечки жртви додавајќи дека точниот број на лицата кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов. Повредените се пренесеуваат во Скопје на Клиника за да им се пружи нега.
Пожарот е изгаснат. Екипите на Телма се на терен и повеќе информации наскоро.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
