Вести Македонија Најважни

Пратениците од првиот собраниски состав одликувани со орден „8-ми септември“

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 8 Септември, Денот на независноста, ги одликуваше Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година, со Орден „8 Септември“.

Стојан Андов се одликува со Орден „8 Септември“ за неговото политичко делување како прв претседател на првото повеќепартиско собрание при што остави неизбришлив белег во процесот на градење на македонската парламентарна демократија, како и за неговиот значаен придонес кон донесување на неопходните државотворни акти и документи со кои јасно се трасираше патот за изградба на самостојна и независна држава.

Пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година се одликувани со Орден „8 Септември“ за донесувањето на државотворните акти и документи кои јасно ја изразуваа вековната желба на македонскиот народ и на останатите етникуми за изградба на самостојна држава притоа уважувајќи ги сите граѓани без разлика на етничката или верската припадност, како и за изборот на првиот претседател и првата Влада, за распишувањето на референдум за независност и за усвојувањето на првиот устав, химна и знаме со што се удрија темелите на независна и суверена македонска држава.

Орденот „8 Септември“ во името на пратениците во мандатниот  период од 1990 до 1994 година го примија Никола Стојановски, првиот претседавач со конститутивната седница на првото повеќепартиско собрание и Фадил Зендели, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот.

Поради состојбата со пандемијата од Ковид-19, а имајќи ја предвид неговата возраст, орденот на Стојан Андов му беше врачен од страна на претседателот Пендаровски во неговиот дом.

„Немам ниту најмала намера да ги идеализирам тие рани транзициски години. Меѓутоа, сите грешки и пропусти што се нормални за секоја млада демократија, не можат да го намалат значењето на вашата генерација политичари и пратеници. Затоа, овој голем јубилеј со кој денес се гордееме сите, посебно ви припаѓа вам и на вашите колеги од собраниските клупи кои повеќе не се меѓу нас. Многу повеќе од многумина други, вие сте заслужни за тоа што имаме независна држава. Денес сме тука собрани, во името на сите македонски граѓани, да ја изразиме нашата искрена и длабока благодарност и почит кон вас“, рече претседателот Пендаровски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ, си прават алиби за изборен пораз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе